Последни написи

(ФОТО) Николовски и Бачовски во посета на „Карнем“ и „Монтенегро“ – Позитивни примери на успешни ИПАРД приказни

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, во рамките на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците, посетија неколку локации и одржаа средби со земјоделци и мали производители на храна од Полошкиот регион.

Месната преработувачка индустрија „Карнем“ од село Зубовце, општина Врапчиште е уште еден позитивен пример на успешена ИПАРД приказна. Преку средства од ИПАРД програмата, оваа компанија има набавено опрема за преработка, како и изградба на прочистителна станица за отпадни води.

„Со новата ИПАРД 3 програма имаме 97 милиони евра неповратни ЕУ средства и нови акредитирани мерки за реализација на нови успешни ИПАРД проекти.“, потенцираше министерот Николовски.

„Од мал семеен бизнис преку осовременување и проширување на производството со помош на ИПАРД, денес Карнем е снабдувач со месо и месни преработки во земјава и странство.
Инвестицијата во опрема за производство и преработка на свеж програм, барени производи, колбаси и траен програм е со вкупна вредност од 153 милиони денари од кои 7.1 милион денари се кофинансирани од ИПАРД 2 програмата.
Поддршката за инвестиции во преработка на месо, млеко, овошје и зеленчук останува во фокусот и со ИПАРД 3 програмата преку која на потенцијалните корисници ќе им бидат ставени на располагање 120 милиони евра.“, рече Бачовски.

Монтенегро ДОО е фамилијарен бизнис кој е на пазарот повеќе од 50 години, препознатлив по долгогодишната традиција во малопродажба, по својот квалитет и посветеност.

„Оваа успешна компанија е меѓу поголемите компании корисници на ИПАРД програмата. Ваквите компании се причината за успехот на ИПАРД програмите во нашата земја. Не постои град или село каде што нема табла дека е реализиран некој проект од ИПАРД програмата. Токму затоа заслужено добивме зголмување од 62% ЕУ средства за новата ИПАРД 3 програма. “, вели Николовски.

 

„Денеска во Гостивар бевме сведоци на едно велелепно здание – најмодерен преработувачки центар финансиран од ИПАРД програмата. Монтенегро е компанија која е основана во далечната 1963 година во Црна Гора, за 25 години подоцна да го пресели својот капитал во Гостивар.
Покрај другите дејности по кои е добро позната, компанијата влегува во инвестиција и изградба на преработувачки капацитет и набавка на опрема за преработка на овошје и зеленчук.
Поддршката од ИПАРД за овој модерен капацитет е 132.8 милиони денари, a вкупната инвестиција чини 344.7 милиони денари. Со ваква инвестиција се очекува раздвижување на локалната економија и развивање на кооперантски односи кои ќе донесат бенефит и за производителите и за Монтенегро како преработувач.“, рече Бачовски.

Извор: agrotim.mk

Latest Posts

Не пропуштај