Последни написи

ЕСМ и за април ќе набавува природен гас од Макпетрол

ЕСМ Продажба денеска соопшти дека донела одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Добавувач ќе биде фирмата Макпетрол, а природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена од 53,60е/MWh.

Имено, на јавниот повик кој беше објавен на 20 март и кој беше достапен за сите домашни и странски компании регистрирани за дејноста, се побаруваше испорака на 500 MWh до 1800 MWh количини гас дневно.

На повикот, како што кажаа од ЕСМ, финансиски понуди без ДДВ, изразени во фиксни цени како што се бараше во повикот испратиле Макпетрол АД – Скопје со крајна фиксна цена од 53,60 е/MWh и Balkan Utilities од Р. Бугарија со крајна фиксна цена од 53,70 е/MWh.

„Со оглед на тоа што најниска фиксна цена понуди фирмата Макпетрол, донесена е одлука за избор на Макпетрол за добавувач на природен гас за април. Со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Република Северна Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во април ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија“, истакнаа од ЕСМ.

Оттаму потенцираат дека ЕСМ Продажба и во овој четврти по ред јавен повик ги задржа истите услови и како носител на набавката за природен гас за месец април, сегашниот добавувач ќе обезбеди и гаранција, што е услов во јавниот повик, како што имаа обезбедено гаранција и претходните добавувачи за изминатите месеци.

„На крај, за нас како државни институции е професионално задоволство сознанието дека реалната либерализација на пазарот од 1 јануари, доведе до конкуренција на пазарот со снабдување со природен гас, што очигледно резултира со намалување на цените и ставање крај на плаќањето одредена цена диктирана од постоењето на само една понуда“, заклуччија од ЕСМ.

(Извор: Мета.мк)

Latest Posts

Не пропуштај