Последни написи

Тренчевска ќе закаже состанок во Струмичката епархија за да се испеглат разликите околу Законот за родова еднаквост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе закаже состанок со челниците на Струмичката епархија на МПЦ-ОА за да се испеглат разликите околу предлог Законот за родова еднавост.

Оваа изјава на министерката доаѓа по неколкудневните препукувања на социјалните мрежи со Викарниот епископ Јаков по одржаната трибина на Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија која се одржа во петокот на тема „Зошто не за сексуалното образование во училиштата“.

-Јас секако ќе закажам состанок, ќе се јавам во Струмичката епархија со луѓето таму за да разговараме. Верувам дека и тие ќе го прифатат тоа што е интенција нја законодавецот и дека одредени сегменти како што беше за породилното отсуство излезе на твитер само еден дел од законот, не беше целосно објаснет и настана хаос во заедницата. Исто и ова само со прикажување на дефиниците во законот не ја прикажуваме суштината на законот, дека ќе разговараме и ќе дојдеме до усогласување на нашите ставови и дека намерата на Владата, на Министерството, мене како министерка која 30 години работи на човековите права, на женските права, не ми е целта тоа што презнетирано на трибината, tuku celta e секој граѓанин во оваа држава да ги ужива своите човекови права, изјави Тренчевска денеска во Струмица по посетата на Повеќенаменскиот социјален центар во Струмица заедно со британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон и градоначалникот Костадинов.

Вчера Министерството за труд и социјална политика реагираше на ставовите искажани на трибината, а Викарниот епископ Јаков, пак, возврати на ставовите на министерката и со одговор на објавата се јави во црковниот сајт „Тивериопол.мк“.

Тој во објавата вели дека институциите станале заложници на родовите идеолози, а патот на тие идеолози бил истрасиран од претходната министерка Мила Царовска, која според Епископот Јаков, успеала да издејствува да навлезат во сите пори на државата и како резултат на тоа сега имаме креирање на законски решенија исклучиво од страна на активисти, без да се слушне волјата на мнозинството од народот.

-Следствено, се чини дека Министерството потфрлува во приоритетот за унапредување на правата на сите граѓани. Доколку навистина сте биле транспарентни и сте организирале дебати на кои секој можел да изнесе став, како што се вели во објавата, се прашувам зошто таа „транспарентност“ не беше видлива и јавно разгласена? Дали на тие дебати имаше спротивставени страни, од кои едните не се согласуваат со донесувањето на законот за родова еднаквост, или тие „дебати“ во суштина беа еднострани монолози? Се обидовте ли воопшто да поканите лица и организации кои застапуваат една поразлична перспектива, со цел Вие како сериозен и одговорен раководител на Министерството да донесете правилна одлука, откако ќе го ислушате и двете страни?, пишува Викарниот епископ Јаков.

Во негото обраќање до министерката Тренчевска тој додава дека обидите да му се забрани да изнесе свои ставови, поткрепени со докази и манипулативно да се оцрнува неговиот лик од страна на активистите коишто го срочиле текстот, претставува дискриминација на верска основа и цензура на слободниот говор, кој нему, а и на сите граѓани на Македонија, е гарантиран со Уставот.

Министерката Тренчевска најави дека до усвојувањето на Законот за родова еднаквост, кој досега поминал низ 8-9 расправи по сите региони во државата, ќе има и дополнителни разговори со други чинители и потоа законот ќе отиде на Влада на усвојување.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска одговори на нападите за неговото приуство на трибината на Црквата. Тој смета дека не чувствува должност како градоначалник, уште повеќе како човек да се оградува од ставовите на Црквата, затоа што, според него, Црквата има право на свој став.

-Дали треба да бидам обвинет затоа што сум бил присутен на трибината заедно со советниците и да бидеме обвинети, сметам дека не е добро. Моето лично чувство, мојот личен однос со Црквата, со Струмичката епархија, е од мојата најрана возраст, од моето раѓање. Функцијата градоначалник ниту ќе ме натера јас да го растурам мојот личен однос со Црквата, со мојот духовен отец Викарниот епископ Јаков, само заради тоа што сум градоначалник. Функциите се минливи и менливи, изјави Костадинов, кој побара од тие што го напаѓаат да се извинат, оти како што кажа тоа ги повредувало чувствата на сите граѓани на Општина Струмица.

(Извор: 24инфо)

Latest Posts

Не пропуштај