Последни написи

Пречистителната станица за отпадни води за Скопје станува реалност откако градот и градските јавни претпријатија ja доведоа во ризик

Зоран БОЈАРОВСКИ

Проектот за Пречистителната станица за отпадни води за Скопје станува реалност. Со овој инфраструктурен проект од врвен приоритет за животната средина, кој опфаќа 9 од десетте општини на главниот град, ќе се третираат отпадните води со највисока технологија, ќе се обезбеди заштеда од протекување и ќе се намали загадувањето на реката Вардар што позитивно ќе влијае врз животот на граѓаните по течението на реката и пошироко.

Со новиот ЕУ грант, преку Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (ИФЗБ) од 70 милиони евра, заедно со претходно обезбедените 136 милиони евра, се заокружи финансиската рамка вредна од нешто повеќе од 200 милиони евра.

Пречитителната станица за отпадните води од скопскиот регион, кој сега е во „рацете“ на градот и ЈП „Водовод и канализација“ треба да овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголем проект досега во секторот животна средина во земјата.

Пречистителната станица Скопје е од витално значење за животната средина

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во овој проект ја гледа и европската перспектива и поддршката на ЕУ за нашата земја, имајќи предвид дека грантот од 70 милиони евра е највисок досега доделен во регионот за проекти од животната средина.

– Конечно скопјани ќе ја добијат пречистителната станица која е од витално еколошко значење. Ова е потврда дека европската интеграција е најдобрата формула за натамошниот развој на земјата, а дека членството во ЕУ не значи само исполнување на критериумите и усогласување со законодатството, туку и конкретна помош за државата и конкретни придобивки за граѓаните. Ги носиме европските стандарди на живеење кај нас. Во чекор сме кон целта на зелената агенда на Западен Балкан – потенцираше вицепремиерот Маричиќ на потпишувањето на договорот за грантот во ЕИБ.

Со Пречистителната станица за отпадни во води за Скопје ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води во Скопје со што ќе се исполнат минималните барања од Директивата на ЕУ за третман на урбани отапдни води.

– Пречистетлната страница е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите засегнати страни. Но, сите заедно сме подготвени да го прифатиме предизвикот. Целта на проектот е да даде значаен и мерлив придонес за подобрување на скопската урбана средина и за подобрување на третманот на отпадните води, прочистување и елиминација на милта, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и водните тела – вели Шукова.

Најголем инвестициски грант за животна средина

За евроамбасадорот Дејвид Гир потврди дека грантот на ЕУ/ЕИБ е уште една практичен пример за поддршката од ЕУ за Северна Македонија, а со пристапувањето кон членството во ЕУ се подигаат и стандардите коишто Северна Македонија ќе треба треба да ги следи и применува во заштитата на животна средина, смета амбасадорот Гир.

Ако не дејствуваме ќе не чини уште повеќе, загубата на водата ги подига сумите на сметките на граѓаните и оваа Пречистителна станица е приодбивка и за граѓаните и од тој аспект, дополни амабасадорот.

– 70 проценти од искористената вода ќе може повторно да се употреби што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар која тече од Скопје кон Егејско Море да биде помалку загадена – посочи Гир.

И заменик претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова го нагласи фактот дека овој проект од витална важност за скопјани и за Северна Македонија воопшто е најголем инвестициски грант за земјата во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Павлова потсети на статистиките кои предупредуваат дека до 2025 година, 800 милиони луѓе во светот ќе се соочат со недостиг на вода.

– Тука има богатство на вода и треба добро да ја чуваме, но и да се осигураме дека нејзиниот квалитет за пиење е на најдобро можно ниво, подвлече Павлова.

Од аспект на финансиите, за министерот за финансии Фатмир Бесими грантот од ЕИБ доаѓа во време кога финансиските пазари се значително поскапени

– За овие средства ниту треба да се задолжиме, ниту да платиме камата, а не треба ни да ги вратиме. Ова се пари за нашите граѓани, за 500 000 жители во градот Скопје. Ова е уште една потврда дека нашата европска иднина и членството во ЕУ не се само формален или политички процес, туку значат вистинско подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и се јасен сигнал за поддршката што ни ја дава ЕУ – подвлече министерот Бесими.

Дали ја видовме последната сезона на „Битка за тендери“

Она што сега му претстои на проектот е да се обнови постапката за избор на изведувач и надзор за проектот кој претходно пропадна како резултат на „битката за тендери“ на градоначалничката на Скопје Арсовска и перајниците на ВМРО-ДПМНЕ во градскиот совет и во јавните претппријатија минатото лето.

Како што е познато, целата постапка запре без да се заврши вториот дел од постапката за градба, односно валидацијата на финансиските понуди, кога и едните и другите, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ си се фатија, односно започнаа да се обвинуваат за „брцање на рачињата во медот“.

Тогаш пресметката меѓу Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ за малку ќе ги чинеше граѓаните 136 милиони евра, а Скопје ќе останеше последниот главен град во Европа без пречистителна станица за отпадни води.

Освен што беше доведено во прашање реализацијата на овој проект за третман на отпадните води во градот Скопје, одлагањето и оддолжувањето на проектите за здрава жиивотна среднива се закани да го загрози и процесот на нашето пристапување во ЕУ, бидејќи без изградба на пречистителни станици за отпадни води, земјата не може да ги задоволи европските еколошки стандарди со кои ќе мора да се соочи за време на скринингот и затворањето на поглавјата во преговорите за членство.

Сепак, како резултатот на ангажманот и на Владата и на ЕУ, според сето претходно, проектот за пречитителната станица на Град Скопје, кој во 2020 година ја доби втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, што ја доделува ЕБОР, во категоријата климатска обнова и одржливост, во конкуренција од 47 номинации, станува извесен и неговата изградба е предвидено да заврши во 2030 година.

(Извор: Рацин.мк)

Latest Posts

Не пропуштај