Последни написи

Oбновени болничките соби на Клиниката за токсикологија

Комплетно реновирани болнички соби опремени со нови кревети и мебел, нови тоалети и 24-часовен централен надзор и мониторинг на сите витални параметри на сите хоспитализирани пациенти, има од неодамна на скопската Клиника за токсикологија. Како што информираат во Министерството за здравство, министерот Фатмир Меџити, заедно со заменик-министерката Маја Манолева, денеска ја посетија клиниката на која се реновирани одделите за токсикологија и детоксикација.

„Инвестицијата чинеше 9,5 милиони денари. Со ова се унапредуваат условите за третман и успешно лекување на пациентите“, наведено е во соопштението на министерството.

Оттаму додаваат дека во претстојниот период е предвидено да се реновира и приземниот амбулантски простор, со што ќе се заокружи реновирањето на комплетниот амбулантско-стационарен дел на клиниката. Предвидено е и да има нова токсиколошка лабораторија, што ќе значи третман на акутните интоксикации по најсовремените светски протоколи.

(Извор: Мета.мк)

Latest Posts

Не пропуштај