Последни написи

Медиумите ја проголтаа дезинформацијата за „пропаднат камион“ на плоштадот во Скопје

„ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“ ПОВТОРНО НАСТРАДА ОД КАМИОН, Се отвори нова дупка во фонтаната по обидот да ја премине“, „(ФОТО) Камион пропадна во фонтаната на плоштад Македонија“, „Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштад Македонија“, „Плоштадот Македонија повторно настрада од камион“ се дел од насловите на македонските медиуми кои наседнаа на лажните објави на социјалните мрежи и без да проверат дали е навистина така ја објавија дезинформација за наводно пропаднат камион на скопскиот плоштад.

Фотографијата со пропаднатиот камион е од минатата година на 23 ноември, кога пропадна во таканаречената сува фонтана (џампинг џет), на плоштадот „Македонија“ во Скопје, која е дел од проектот „Скопје 2014“, за чија изградба се потрошија над 2,5 милиони евра.

Дека се работи за стара слика покажува ситуацијата на терен, каде што нема ниту камион ниту дупка на плоштадот „Македонија“.

Дел од медиумите веќе ја тргнаа објавата за „пропаднатиот камион“ во Скопје.

Мониторин тим на ЦИВИЛ

фото: Александар Ризински

Извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај