Последни написи

Влада Урошевиќ добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата

Македонскиот поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач, академик Влада Урошевиќ е добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, објави претседателката на Управниот одбор, Елизабета Шелева. Урошевиќ е третиот по ред македонски автор кој го добива Златниот венец, по Блаже Конески во 1981 и Матеја Матевски во 2011 година.

Урошевиќ се заблагодари за наградата, од седиштето на УНЕСКО во Париз каде денеска се слави Светскиот ден на поезијата, 21 март и каде се одржува целодневна програма во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов.

Минатата недела, академик Урошевиќ за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, ја доби престижната книжевна награда Роман на годината за 2022.

Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“ е годинешниот добитник на наградата „Мостови на Струга“ – меѓународна награда што ја доделува фестивалот „Струшките вечери на поезијата“ заедно со УНЕСКО, за најдобра дебитанска поетска книга во светот.

(Извор: Мета.мк)

Latest Posts

Не пропуштај