Последни написи

Македонски филмаџии во посета на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија

Деновиве неколку македонски кинематографери, актери и продуценти имаа промотивни активности во Софија и го посетија Културно-информативниот центар на РСМ.

Фејми Даут – Феко, директор на фотографија на најуспешниот македонски филм, документарецот „Медена земја” (награда со колегата Самир Љума на Асоцијацијата на американските кинематографери; две номинации за „Оскар“ за филмот), престојува во Софија, подготвувајќи го својот нов филм со бугарските продуценти.

Фејми Даут и Сашко Насев

Даут ја посети изложбата „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров, искажувајќи позитивни импресии од изложените дела.

По успешното презентирање на филмот „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски на Меѓународниот Софија Филм Фест, и дел од екипа на филмот – Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска и продуцентот Јане Ќортошев – го посети Културно-информативниот центар. Манчевски годинава е претседател на жирито на Софискиот филмски фестивал, на кој се прикажуваат уште шест негови филмови.

Јане Ќортошев, Симона Спировска, Александар Микиќ, Сашко Насев, Ана Стојановска

Д-р Сашко Насев, директорот на КИЦ, ги запозна колегите со богатата програма на КИЦ за 2023 година, кога Центарот одбележува 20 години од неговото основање и 18 години од неговото отворање.

Извор: racin.mk

Latest Posts

Не пропуштај