Последни написи

Ќе се замрзнуваат цените на јајцата и оризот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната пресконференција соопшти дека на седница на Влада ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата согласно цените кои биле претходно, а не денешните цени.

„Како Министерство за економија имаме конкретен предлог за цената на оризот и јајцата. Тоа нема да биде денешната цена, туку ќе биде една од цените од месец март“ рече Бектеши.

Како што изјави Бектеши, моментално цените на јајцата во земјава се најниски во регионот, а поскапување на цените поради велигденските и рамазанските празници нема да се дозволи.

„Моментално сме најевтини во делот на цените на јајцата во регионот. Нема да дозволиме покачување на цените поради зголемената побарувачката поради Велигден, рамазанските пости и Бајрам“ рече министерот Бектеши на прес-конференцијата.

Според него, моментално нема потреба од интервенција на цените за шеќерот и брашното  бидејќи се очекува сами да паѓаат.

„Во делот на шеќерот и брашното, согласно податоците на царинската управа за увозните цени и цените со кои се произведува имаме намалување и тоа очекуваме да продолжи, па затоа таму нема да преземаме мерки во моментов“ рече Бектеши.

По замрзнувањето на цената на лебот на крајот на месец февруари, од 16 март се замрзнати и цените на тестенините и дел од млечните производи.

 

Latest Posts

Не пропуштај