More

    Лекови за ретки болести наместо од трговци, ќе можат да се набавуваат директно од производители

    Ова, според пратениците, ќе овозможи побрз и поевтин пристап до лекови, главно на оние за ретки болести, како и за специфични и тешки болести. Законот најмногу беше донесен поради лекот Трикафта, за болните од цистична фиброза, но, како што изјавија пратениците, ќе се применува и за други лекови кои имаат единствен производител

    Отсега па натаму ќе биде можно директно да се набавува извесен лек преку договор меѓу државата и производителот на иновативен лек што го патентирал и кој нема конкуренција на пазарот. Ова досега не беше можно, односно набавката на лекови одеше единствено преку јавни набавки и договори со трговци на лекови.

    Собранието вчера вечерта донесе Закон за дополнување на Законот за лекови и медицински средства и изгласа измени на Законот за здравствено осигурување, откако претходно собраниската Комисија за здравство одржа итна седница.

    Ова, според пратениците, ќе овозможи побрз и поевтин пристап до лекови, главно на оние за ретки болести, како и за специфични и тешки болести. Законот најмногу беше донесен поради лекот Трикафта, за болните од цистична фиброза, но, како што изјавија пратениците, ќе се применува и за други лекови кои имаат единствен производител. Ова, според нив, ќе овозможи побрз и поевтин пристап до лекови, главно на оние за ретки болести, како и за специфични и тешки болести.

    Сегашната легислатива, како што и претходно изјави премиерот Димитар Ковачевски, не дозволуваше директна набавка, туку процесот се одвиваше преку јавни набавки и трговци на лекови што, според предлагачите на законот, дополнително ја зголемуваше цената на лековите.

    „Законските измени се поврзани со оваа терапија и тие се наоѓаат во Собранието и за нив е закажана седница на 16 март и сметам дека сите пратеници тоа ќе го поддржат. Нашите закони не дозволуваат директна набавка од производители што имаат патентиран лек, туку мора да се оди преку јавни набавки и трговци на лекови. Тоа дополнително ја зголемуваше цената на лековите. Затоа иницирав веднаш да се пристапи кон измени на законската регулатива и подготовка на законски решенија со кои ќе се овозможи во најбрз рок пациентите да ги добиваат лековите и да може директно да се преговара со производителот кој единствен го има лекот, со цел да се добие подобра цена“, изјави премиерот Ковачевски пред една недела.

    Тој рече дека законските измени што ги предлага наликуваат на регулативи кои ги имаат голем број на држави, земји од регионот, и дека на тој начин се добива побрз и поевтин пристап до ваква иновативна терапија.

    Вчера за законот гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие рекоа дека ќе го поддржат законот поради болните од ретки болести, но, според нив, „некој на маката на болните прави криминал“ зашто овој предлог е надвор од Законот за јавни набавки.

    „Се сомневаме затоа што нема транспарентност и дека некој овде ќе профитира“, рече пратеничката Дафина Стојаноска.

    Пратеникот Петар Ристески рече дека релиси еден месец се чекало овие два закона да се стават на дневен ред и дека „пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски“.

    Извор: meta.mk

    Exit mobile version