Последни написи

(ФОТО) Русите погодија висококатница во Авдиивка

Во Авдиивка, регионот Донецк, во петокот наутро, руските напаѓачи со проектил Кх-59 погодија висококатница, во која сè уште живееја луѓе. Се утврдуваат информации за жртвите.

Како што пренесува Укринформ, ова на Телеграм го објавил Виталиј Барабаш, шеф на воената управа на Авдиивка.

„Русите  ја погодфија станбената зграда во Авдиевка. Чакалите на Путин само што погодија висококатница, во која сè уште живееја луѓе, веројатно со проектил Кх-59… На фотографијата се гледаат последиците од гранатирањето. Дознаваме информации за жртвите“, напиша шефот на градот.

Тој нагласи дека напаѓачите ќе бидат казнети за секое нивно злосторство против човештвото.

„Нема оправдување за овие воени злосторници. Сите тие дефинитивно ќе добијат правична казна. На крајот на краиштата, зад секое гранатирање и секое такво злосторство стојат конкретни имиња“, нагласи Барабаш.

Веста ја пренесе и украинската амбасадорка Лариса Дир на својот Твитер профил.

Како што е соопштено, утрото Русите извршиле ракетен напад врз Авдиивка, оштетиле приватни куќи, а претходно немало жртви.

Подготви: А. Р.

Извор: frontline.mk

Latest Posts

Не пропуштај