More

    За два денара поевтинуваат дизелот и бензинот Еуросупер БС-95

    Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се намалат, во просек за 1,9 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

    Согласно најновата одлука, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизелот ќе се намалат за 2 денари по литар. Така, од ноќеска на полноќ, литар бензин Еуросупер БС-95 ќе чини 81,5 денари, додека дизел горивото ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар.

    Поевтинува и мазутот и од вечерва ќе чини 39,779 денари за килограм.

    Цените на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра-лесното масло за домаќинство не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија.

    (Извор: Мета.мк)

    Exit mobile version