More

    Полиграф: Кој дезинформира дека со внесување на Бугарите во Уставот, ќе станеме „втора Босна“?

    Во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа на 06.03.2023, гостинот Кристијан Бенито изнесе дезинформации и лажна аналогија дека со внесувањето на Бугарите во Уставот земјава ќе стане „втора Босна“: „Многу е штетно внесувањето на Бугарите во уставот, затоа што од нас ќе направи втора Босна. Нели, знаеме дека во Босна има три конститутивни народа, тоа се Бошњаци, Срби и Хрвати. За разлика од Босна, ние би имале Албанци, Бугари и граѓани на Република Северна Македонија.“

    Но, најавените уставни измени не подразбираат внесување на „конститутивни народи“, како во уставот на Босна и Херцеговина. На пример, во заклучоците на Советот на ЕУ од 18.07.2022 најавата за уставните измени се толкува во контекст на „зајакнување на еднаквите права на лицата припадници на малцинства и заедници во Северна Македонија“. Во овие заклучоци, Бугарите не се споменуваат како „конститутивен народ“, туку како „граѓани што живеат во рамки на границите на државата и кои се делови од друг народ“.

    И во усвоениот протокол од вториот состанок на меѓувладината комисија, не се спомнуваат конститутивни народи, туку се спомнуваат „граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ“.

    Постоечката преамбула од Уставот започнува со „Граѓаните на Република Северна Македонија, Mакедонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите…“. Нема никакви најави на уставни измени за бришење на македонскиот народ, туку за додавање на дел од бугарскиот народ покрај другите спомнати делови од народи.

    Следствено, како дезинформација го оценуваме тврдењето дека со најавените уставни измени ќе нема македонски народ, а дека со вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе имало три конститутивни народи – „Албанци, Бугари и граѓани на Република Северна Македонија“. Затоа, и споредбата на Северна Македонија со Босна и Херцеговина ја оценуваме како лажна аналогија.

    Извор: ima.mk

    Exit mobile version