More

    ЕУ одвојува 9 милиони евра за опрема на Лесната пешадиска баталјонска група на Армијата на С. Македонија

    ЕУ е посветена да работи со нашите партнери од Западниот Балкан во борбата против хибридните закани кои продолжуваат да ги поткопуваат нашата колективна безбедност и демократските процеси и ја поддржува нивната безбедност, како и нивната одбрана, вели високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел во интервју за МИА.

    – Задоволство ми е што можам да објавам дека одвојуваме 9 милиони евра од Европскиот мировен фонд за поддршка на Армијата на Северна Македонија, за подобрување и надградба на опремата на нејзината Лесна пешадиска баталјонска група, нагласува Борел.

    Тој додава дека ЕУ ја поддржува земјава и за зголемување на нејзината отпорноста на кибер нападите.

    Како дел од пакетот вреден 4,9 милиони евра за регионот за итна поддршка за кибер и информациската безбедност, ЕУ и помага на Северна Македонија да ја подобри својата способност за справување со кибер инциденти и да го зајакне управувањето со кибер безбедноста. Северна Македонија, исто така, ќе има корист и од регионалниот проект од 5 милиони евра за градење на капацитетите за кибер безбедност, што ќе почне да се испорачува оваа година, истакнува Борел.

    Високиот претставник на ЕУ додава дека ЕУ заедно со специјализираните агенции на нејзините земји-членки и помага на државава во откривање, истражување и одговор на кибер нападите, како и во справувањето со проблемите предизвикани од нив.

    Продолжуваме внимателно да ја следиме состојбата и подготвени сме да преземеме понатамошни чекори, доколку е потребно, за поддршка на Северна Македонија, потенцира Борел.

    (Извор: 24инфо)

    Exit mobile version