Последни написи

ЕСМ ќе врати средства во Буџетот што ќе се пренаменат за нови мерки за помош на граѓаните

Со домаќинско работење АД ЕСМ е ликвидно и во текот на оваа недела или на почетокот на наредната компанијата во Буџетот ќе врати одредени средства кои ги доби од Владата, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тоа, посочи, значи дека ќе има дополнителни средства за да се дизајнираат нови мерки за помош на граѓаните за справување со кризата.

-Секоја година ЕСМ до Владата доставува финансиски извештај за претходната година. Во моментот кога ќе се достави финансискиот извештај ќе се донесе одлука за одредени финансиски средства да бидат вратени во Буџетот. Тоа најверојатно би било во текот на наредната недела, рече Бектеши.

(Извор: Рацин.мк)

Latest Posts

Не пропуштај