Последни написи

Битиќи: Не ги оставаме граѓаните сами, ако не паднат цените ние ќе ги замрзнеме

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, во гостувањето во „ Студио 10“ на ТВ 24 ја информираше јавноста  дека ако трговците и производителите сами не реагираат во случај на промена на цените на основните суровини и цените на производите, Владата нема да ги остави граѓаните сами и ќе донесе одлука во интерес на граѓаните.

„Ако цените на основните суровини паѓаат, не може цените на производите да останат исти. Цените ќе треба да паѓаат. Како што презедовме мерки за основните прехранбени производи – леб, тестенини, млеко и млечни производи, навестивме и за низа други продукти. Ќе ги следиме и другите производи и ако трговците и производителите сами не реагираат – има јасна порака од Владата: граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука во интерес на граѓаните“ рече вицепремиерот Битиќи.

Тој додаде дека Владата нема намера да нанесе штета на некого, но исто така истакна дека нема да се дозволи да се користат јавни средства во име на субвенции за нешто, а штетата да оди на грбот на граѓаните.

„Интересот на граѓаните и заштитата на животниот стандард на граѓаните мора да биде на прво место. И тоа ако не е јасно еве ќе го повторам пак, во секоја една криза тоа е клучно, а ќе има време кога ќе се генерираат профити“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека Владата изминатите години донесе доста иницијативи и мерки за помош на стопанствениците и инвестиции со цел да се подобри нивната ликвидност и да не останат сами.

„Но, во ваков вид на криза во која што имаме војна, во која што се нарушени сите вредносни баланси, особено се погодени граѓаните, и се зборува дали ќе имаме доволно прехранбени продукти и со која цена, не можеме да дозволиме да граѓаните се тие кои што на крај ќе ја платат највисоката цена. Велам, ќе има време кога стопанствениците дури и да има одредена мала штета во овој момент, ќе се вратат и ќе генерираат добивка, па и со поддршка од страна на државата. Tоа е заедничкиот начин како се решава криза“ истакна Битиќи.

Latest Posts

Не пропуштај