Обврската за поседување зимска опрема во возилата официјално завршува денес, соопшти АМСМ.
Оваа законска обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата започна на 15 ноември лани, а трае до 15 март годинава, односно до денеска.
Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, казната за неносење на задолжителна зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност.
(Извор: Мета.мк)