Последни написи

Две машини и тројца работници – никако да заврши реконструкцијата на 500 метри од булеварот Теодосиј Гологанов

Шест месеци трае реконструкцијата на дел од булеварот Теодосиј Гологанов во строгиот центар на градот во должина од едвај петстотини метри.

Реконструкцијата на булеварот од потегот кај кружниот тек кај Католичка црква до студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу градоначалничката ја најави кон крајот на септември ветувајќи дека проектот ќе заврши за пет месеци.

YouTube player

Иако изминува и шестиот месец, оваа важна сообраќајница уште не е пуштена во употреба, а на лице место не може да се забележи некоја сериозна активност на изведувачот.

„Двајца работници и три машини, со толку се работи тука“ „Пет месеци да се прават 500 метри улица, тоа го нема никаде“ коментираат дел од станарите од околните згради кои шести месец имаат проблем да дојдат до своите домови, а слични маки и имаат и илјадници граѓани кои секојдневно ја користат оваа делница да стигнат до своите работни места.

Покрај реконструкцијата на овој булевар, граѓаните се револтирани и што се уште има застој на пробивањето на улицата „Есенинова“ која е важна за поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода.

Извор: 24info.mk

Latest Posts

Не пропуштај