Последни написи

Пендаровски во Истанбул се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Истанбул се сретна г.г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх. На средбата Пендаровски му се заблагодарил на Вселенскиот Патријарх за посебната улога во надминувањето на црковниот спор поврзан со нашата црква.

„Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата Црква се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви, прифатена како рамноправна со сите останати“, наведено е во соопштението од претседателскиот кабинет.

На средбата било констатирано дека единствениот пат за добивање легитимен и целосно прифатен Томос за автокефалност, е оној кој го издава Вселенската Патријаршија.

„Поради тоа очекуваме, како држава и Црква од врховното институционално тело во православието, да ни го додели официјалниот документ за црковна самостојност – Томос за автокефалност“, стои во соопштението.

Со одлуките на Вселенската Патријаршија на нашата Црква ѝ се признава правото на користење на името Охридска Архиепископија, што значи црковен континуитет од 1000 години.

„Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес, бидејќи отвара можност за ново и духовно растење на Охридската Архиепископија, напредок и помирување во македонското општество и држава“, се вели во соопштението.

(Извор: Мета.мк)

Latest Posts

Не пропуштај