Последни написи

Лажна роденденска наградна игра на Лидл се шири на Фејсбук

„Лидл“ сè уште нема отворено продавница во С. Македонија,  па не ни може да има награди за потрошувачите,  а нема ниту официјална Фејсбук страница во земјава каде што би се нашла таква објава. Исто така не е вистина дека Лидл го слави 93-от роденден. Првиот маркет од компанијата е отворен во 1973 година, што значи годинава се навршуваат 50 години од постоењето. Во постот се злоупотребени логото и брендот на познатиот ланец маркети за да се прибираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи

 

Пост на Фејсбук споделува лажна наградна игра ветува доделување подароци од „Лидл“ маркетите, при што ги манипулира и дезинформира корисниците на социјалната мрежа.

Постот е доста вирален, до моментот на нашата рецензија има 248 споделувања и 254 коментари.

Во објавата се вели:

За да го прославиме 93-тиот роденден на @Lidl. Испраќаме 800 кеси за подароци на сите што посакуваат „Среќен роденден“ до 25 март. Со среќа

Доколку се провери страницата која го објавува постот ќе се види дека е креирана на 31 декември 2021 година и два пати наменски го менувала името.

Се работи за лажна страница, а не е официјална страница на „Лидл“ на Фејсбук, иако носи име „Лидл фанс“. На неа нема сопственик на компанијата, име и адреса на фирма, контакт телефон, ниту една рецензија и мислење од потрошувачи. Не се нудат никакви производи освен лажната наградна игра.

Во постот се злоупотребени логото и брендот на познатиот ланец маркети за да се прибираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи. Објавата користи и фотографии од Лидл маркетите, со пакувани кеси за наводни подароци, дополнително мамејќи ги корисниците на Фејсбук.

„Лидл“ сè уште нема отворено продавница во С. Македонија, иако вакви најави има уште од февруари 2021 година. Германскиот трговски синџир „Лидл“ лани во февруари ја регистрираше својата компанија во С. Македонија, којашто ќе биде управувана од бугарската филијала.

Една од најголемите компании во малопродажбата во светот ја регистрираше подружницата „Лидл“ Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евраобјави тогаш Централниот регистар.

Со оглед на тоа што „Лидл“ сè уште нема отворено продавница во нашата земја, па не ни може да има награди за потрошувачите,  а нема ниту официјална Фејсбук страница во земјава каде што би се нашла таква објава.

На Фејсбук може да се најдат официјални страници на „Лидл“ Бугарија, „Лидл“ Хрватска, „Лидл“ Грција, „Лидл“ Србија, но нема официјална страница на „Лидл“ С. Македонија.

Да споменеме и тоа дека  исто така не е вистина дека Лидл го слави 93-от роденден. Првиот маркет од компанијата е отворен во 1973 година, што значи годинава се навршуваат 50 години од постоењето. Овој трговски синџир оперира во 30-ина земји во Европа, со околу 11.000 продавници, а присутен е и во САД. „Лидл“ дневно опслужува по околу 10 милиони купувачи.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека постот што го рецензираме е невистинит. Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребени брендот, логото и името на Лидл.

Извор: vistinomer.mk

Latest Posts

Не пропуштај