More

    Ковачевски: Од 13 март замрзнати цени на шпагети, од 17 март и на млечни производи

    На денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека од 13 март се замрзнуваат цените на тестенините, макароните и шпагетите, за 15 % од цената што важела во трговијата на мало на 1 март, 2023 годнина, односно за 8 до 9 денари. Исто така се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие производи во овој период. Одлуката ќе трае до 31 мај, 2023 година, соопшти премиерот.

    YouTube player

    Исто така, од 17 март до 31 мај 2023 година се замрзнуваат и цените на млечните производи. Трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5 %, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко и јогурт без додатоци.

    Највиските цени на овие производи треба да бидат намалени за 10 % од цените што биле во трговијата на мало на 1 март 2023 година, соопшти премиерот Ковачевски.

    Извор: brif.mk

    Exit mobile version