Последни написи

Грчките власти биле „глуви” за предупредувањата добиени од Агенцијата на ЕУ за безбедност во железничкиот сообраќај

Агенцијата на Европската унија одговорна за безбедност на железницата ги предупредила грчките власти во повеќе наврати во текот на изминатите неколку години за системски проблеми поврзани со безбедноста на железничкиот сообраќај

Јозеф Допелбауер, извршен директор на Агенцијата во изјава за Еуроњус ЕУ рече дека Грција не реагирала навреме за да го обезбеди својот железнички систем и покрај предупредувањата упатени до Атина.

За лошата состајба на безбедноста на железничкиот сообраќај било укажано и во последиот извештај на оваа агенција во 2022 година.

„Во текот на последните неколку години, констатираме  дека Грција се рангираше меѓу„ лошите ученици “, вели  Јозеф Допелбауер.

Од 2014 година, Европската комисија на Грција и доделила  700 милиони евра за модернизација на железничкиот систем и планира да го финансира со уште 130 милиони евра преку Фондот за обновување на железничката мрежа.

Од своја страна Грција се обврзала да го воспостави европскиот систем за контрола. Во делот на железничката мрежа каде што се случи несреќата не биле превземени никакви мерки за воспоставување на овој систем на кој укажала Агенцијата за безбедност на ЕУ и тоа било констатирано во 2020 година.

„Секако е проблематично што парите не се потрошени како што е планирано и исто така е проблематично што пуштањето во употреба на Европскиот систем за управување со железнички сообраќај е одложен за  2023 година“, рече шефот на Агенцијата за безбедност на железничкиот сообраќај.

Допелбауер додаде дека „човечката грешка“ можела да се избегне доколку автоматскиот систем за контрола  бил воспоставен како што било првично  планирано .

„Не знаеме каква е вистинската причина за несреќата, но таквите системи се таму за да се намали ризикот од човечка грешка и таквите системи драматично го намалуваат ризикот од човечка грешка“, рече тој.

Допелбауер, заедно со другите експерти на Европската комисија, ќе ја посети Грција во среда со цел да и даде на земјата дополнителна поддршка за модернизација на својот железнички систем и да ја подобри безбедноста.

Б.Јовановски

Извор: novatv.mk

Latest Posts

Не пропуштај