More

    Уставниот суд оцени дека не може председателот на Судскиот совет да биде избран само од членови избрани од Собранието

    Уставниот суд на денешната седница оцени дека е неуставно ограничувањето на изборот на претседателот и негов заменик на Судскиот совет само на членовите кои се избрани од Собранието, додека останатите членови на Советот со право на глас се исклучени, и го укина член 8 став 3 во делот „кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија“, од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија.

    Целосната одредба гласи дека претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од страна на Собранието на Републикаhttps://nezavisen.mk/ustavniot-sud-oceni-deka-ne-mozhe-predsedatelot-na-sudskiohttps://nezavisen.mk/ustavniot-sud-oceni-deka-ne-mozhe-predsedatelot-na-sudskiot-sovet-da-bide-izbran-samo-od-chlenovi-izbrani-od-sobranieto/t-sovet-da-bide-izbran-samo-od-chlenovi-izbrani-od-sobranieto/ Северна Македонија, додека според Уставниот суд, укинатиот дел од наведениот член е спротивен на владеењето на правото и поделбата на државната власт.

    (Извор: Независен.мк)

    Exit mobile version