More

    Приказна на пациентка со ретки болести: „Терапијата ја нема во моментот“

    Пациентка со ретки болести, во анонимната приказна објавена на платформата „#деполаризирајсе“, ги споделува проблемите и предизвиците со кои се соочуваат пациентите при обезбедувањето на терапија:

    „- Терапијата ја нема во моментот.
    Ми се пресекуваат нозете
    – Како ја нема….  зошто …. кога ќе стаса ?
    – Незнам, немам информации, – одговара докторот и ми го враќа картонот
    – Ама знаете се договоривме да додам по два месеци….. тоа според  датата е денес….
    – Ве разбирам ама лекот го нема, не е до мене
    – Па до кого е ?
    – Ама Ве молам …. незнам …можеби  не е стасана целата пратка, лекот се потрошил, имало итни нови пациенти , можеби тендерот доцни , можеби е на царина или во магацин …. важно сега го нема и неможеме да ја започнеме терапијата,
    – И што сега? … процедувам низ заби а солзите ми навраат во очите.
    – Јави се во текот на наредната недела
    – Како тоа да се јавам
    – Па јави се кај сестрите во дневна на телефон  тоа е најсигурно… Следен..
    Излегувам во од амбулантата, во ходникот врие како во кошница, никого не гледам, никого не препознавам, само сенки се движат во сите правци
    – Вас нешто да не Ви е добро,… осетив нечија рака на рамото
    – Не… не… ама нема терапија…
    Одеднаш се најдов седната на едно од столчињата во ходникот
    – Пружи го прстот, дај го показалецот ….. човек со бел мантил ми стави апаратче за сатурација….. ќе ти биде добро, направете простор да дише… ме фати под мишките и ме одвлечка во дневна ….ме стави на еден од столовите за терапија, донесоа една голема боца со кислород ми го измерија притисокот ….. Стави и една инекција да се смири ако треба вклучи и инфузија.
    По некое време веќе ми беше многу подобро, дури и се насмеав на сестрата која љубезно ме праша
    – Со кого си дојдена на клиника.
    – Со такси сум
    Веќе бев во таксито…. си одев дома…. ме прогонуваше мислата  ‘’пак нема терапија ….се враќам без терапија…. што со болеста…. дали таа го разбира нашиот здравствен систем…..златен господе што се случува… чувај ми го здравјето додека не дојде терапијата…. дали само мене ова ми се случува…. кој е крив….. зошто пак нема терапија .
    Седам дома гледам во празниот зид,  ни книгата не ми се чита, ни ТВ не ми се гледа  ни ФБ, помина  долго време а терапијата ја нема …. па ова не е прв пат сакам да се утешам … секоја година најмалку двапати терапијата доцни  некогаш и повеќе од месец дена. а еднаш дури и почнатата терапија ми/ни ја скратија за една третина….ми навираат солзи….. ми се преплетуваат мислите…..  дали ќе дојде понавреме ….  па дали воопшто ќе дојде….. па  какви се тие тендери …зошто не се објавувваат на време…..па зошто нема интервентен увоз , па дали некој анлизирал досега како тоа влијае врз развојот на болестите кај пациентите…. море да земам еден седатив ….. не…. не….
    Понекогаш и ми навираат солзи, ми се испреплетуваат мислите  за тежината на болеста и дали ова со лековите државата може трајно да го реши… дали има доволно средства … од каде да ги најде…..но веднаш ми одзвонува  па и ние сме граѓани на оваа Македонија ….и ние  имаме право на достоен живот….. и  по безброј прочитаните текстови на интернет  за искуствата на познати клиники во развиените земји за методите на лечење и достапните терапии  пак  ми се наметнува мислата  дали и во наредниот период ќе има терапија  и дали можеби ќе се обезбедат и нови лекови и дали клиниката е кадарна да се избори за своите пациенти или работите ќе се влошуваат……не … тоа не…..ја прекинувам мислата…. но мислата ме враќа кај докторот кој често ми напоменува  “терапијата е многу скапа, ние сме сиромашна земја, има многу пациенти…
    – Ние не сме ни Швајцарија ни Шведска, добро е што се одржуваат состојбите со дел од современите лекови ми одговара докторот на моите постојани коментари за нови лекови и лекувањата во Швајцарија, Канада, СаАД, Франција …
    Не ја сакам политиката но каде се движиме и колку често ги дополнуваме листите со современи лекови …колку се вклучени здруженијата на граѓани  во овие активности  и дали пациентите покрај товарот од  болестите трба да се изложуваат и на дополнителни проблеми во здравствените политики.
    ……….
    По дванаесет дена
    – Ало дневна болница на  Клиника за ……
    – Ало знам, те препознав ….. дојде терапијата, дојди утре кај докторот и  да почнеме со терапијата.
    – Благодарам…. благодарам … благодарам…
    линијата се прекинува  ……. ме облева радост.

    Анонимна“

    #демократски_институции #institucione_demokratike #democratic_institutions #CivicaMobilitas

    Извор: Приказната “Терапија”, објавена на платвормата #деполаризирајсе.

    Exit mobile version