More

    Пендаровски во посета на партизанската печатница „Гоце Делчев“ во Горно Врановци

    Во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, денеска претседателот Стево Пендаровски го посети вардарскиот регион, односно околината на Општина Чашка.

    „Во селото Горно Врановци претседателот Пендаровски ја посети Партизанската печатница „Гоце Делчев“, каде што е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“, Меморијалниот музеј на Президиумот на АСНОМ, како и Меморијалниот музеј на Главниот штаб на НОБ и ПО на Македонија. При посетата беше посочено дека петте спомен – куќи во Горно Врановци, кои претставуваат меморијални музеи, сведочат за значаен историски период од антифашистичката народноослободителна борба и неопходно е постојано подигање на свеста за одржување на автентичноста на објектите и зачувување на музејските поставки во нив.“- пишуваат од кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски.

     

    Exit mobile version