More

    Шпанија станува шампион во родова еднаквост

    Премиерот Педро Санчез во пресрет на 8 Март, најави  дека Шпанија ќе стане првата голема европска земја која ќе воведе опсежни правила за родова еднаквост во политиката и бизнисот, со закон што неговата влада ќе го поднесе овој вторник.

    Законот ќе наложи сите партии  при изготвувањето на нивните кандидатски листи – еден вид родова квота позната како вертикален паритет, со цел да се обезбеди родова еднаквост во парламентот и низ политичкиот спектар.

    „Ако жените претставуваат половина од општеството, тогаш половина од политичката моќ и половина од економската моќ мора да бидат на жените“, рече Санчез на партискиот митинг во саботата. „Ќе има луѓе кои ова ќе го сметаат за екстремно или дури и апсолутно непропорционално, но за нас тоа е обична и едноставна правда.

    Предлог законот на владејачките социјалисти во Шпанија, се повикува и на европските директиви  одобрени во ноември минатата година кои ги опфаќа и компаниите со тоа што наложува  наложува најмалку 40 проценти од жените да бидат застапени во Управните одбори .

    Шпанскиот закон ќе оди подалеку со тоа што ќе ја наметне истата квота за сите јавни претпријатија со повеќе од 250 вработени и 50 милиони евра обрт.

    Б.Јовановски

    Извор: novatv.mk

    Exit mobile version