Последни написи

Отворено писмо од Платформата БПК до Владата на Република Северна Македонија

По повод последните промени во Владата на РСМ, деновиве сме сведоци на многу реакции поврзани со (најавените) именувања на високи функционери.

Реакцијата на Платформата за граѓански организации за борба против корупцијата се појави во вид на отворено писмо:

„Предмет: Соодветно и законито именување на високи службеници и директори од страна на Владата

 

Во врска со најавеното именување на раководители и заменици на повеќе јавни институции, установи и државни претпријатија, по новиот коалициски договор, Платформата на граѓански организации потсетува на програмската заложба на Владата на Република Северна Македонија за професионализација на јавната администрација.„- се пишува во писмото.

Оттаму ја потсетуваат Владата: „дека при именувањето на професионалното раководно ниво во јавниот сектор, има должност да обезбеди конкурентна процедура, низ јавен оглас.

За таа цел, Владата мора да го напушти коалициското преговарање за професионалните позиции во јавниот сектор.“

На крајот порачуваат: „На патот кон Европската Унија, Владата има обврска пред граѓаните да ги избере најдобрите раководители, за да овозможи институции кои ќе им обезбедат квалитетни услуги.

 

Граѓаните ги заслужуваат најквалификуваните кадри.

 

Со почит:

Платформа за граѓански организации за борба против корупцијата“

 

Latest Posts

Не пропуштај