More

    Ковачевски – Пич: Северна Македонија ќе продолжи да биде фактор на стабилност во регионот

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон.

    Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека ангажманот на Обединетото Кралство на Западниот Балкан и промовирањето на прашањата за регионалната безбедност се резултат на блиските пријателски односи на двете земји, сојузнички членки на НАТО. Премиерот Ковачевски се заблагодари за поддршката која Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство во интеграциските и реформските процеси.

    На состанокот беше истакната поддршката за процесите кои се дел од евроинтеграцискиот пат на земјата. Прогресот во евроинтеграциите беше посочен како клучен за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања во регионот. Во тој контекст нагласена е и потребата од конструктивност на сите политички субјекти во земјата на сметка на блокадите и деструктивноста.

    Поддршката беше насочена и за Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ во време на тешка безбедносна ера за Европа. Во таа насока, поздравени се политиките на Владата како фактор за безбедноста и на регионот но и за Европа. Нагласено е значењето за поставеноста на надворешната политика на Северна Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава во регионалната стабилност.

    (Извор: 24инфо)

    Exit mobile version