More

    Борел на 18 Март доаѓа во Скопје со 9 милини евра за поддршка на АРМ

     

    Во наредниот период Европската унија во рамките на Европскиот фонд за мир ќе одобри мерки за финансиска помош за вооружените сили на Северна Македонија и Грузија.

    Во рамките на оваа иницијатива Борел на 18 Март доаѓа во Скопје каде што ќе ја објави веста дека на Македонија и се доделуваат 9 милиони евра, помош за АРМ.

    Како што пишува Б2, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Јосеп Борел, на 22 февруари го испратил предлогот до земјите членки, а предлогот за Северна Македонија веќе е на маса на Политичко-безбедносниот комитет на Унијата.

    Идејата е да им се помогне на македонските вооружени сили во набавката на „клучна опрема“ за зајакнување на нивните оперативни способности, во логистика, медицинска поддршка, комуникациски и информациски системи, како и во областа на разузнавањето и ризиците од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани.

    За Грузија се предвидени 30 милиони евра за земјата да ја комплетира својата опрема во пет области: инженерство, артилериска мобилност, медицина, сајбер одбрана и логистика.

    Оваа помош е веќе трета за Грузија, по помошта од 20 милиони евра доделена на 1 декември 2022 година и помошта од 12,75 милиони евра во декември 2021 година.

    Б.Ј

    Извор: novatv.mk

    Exit mobile version