More

    Бајдевски: Континуирано работиме на модерна и ефикасна администрација базирана на дигитализација која обезбедува услуги за граѓаните и за бизнисите

    Говорејќи на панелот под наслов: ,,Дигитална трансформација и иднината на ИТ: Подигнување на јавното и корпоративното управување на следното ниво“, заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски ја потенцираше заложбата за забрзана дигитална трансформација и користење на придобивките од неа, во корист на граѓаните и целото општество.

    ,,Дигиталната трансформација е една од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и е составен дел на едно  ново време, кое бара современи решенија. Ние во Министерството за информатичко општество и администрација  континуирано работиме на обезбедување на модерна и ефикасна администрација базирана на дигитализација која обезбедува услуги за граѓаните и за бизнисите. Затоа, можам да ги истакнам нашите силни заложби за дигитализација на процесите, преку еден брз и динамичен процес, како и ефикасно справување со предизвиците “, истакна Бајдевски.

    Меѓу другото го посочи изготвувањето на: нацрт-Националната ИКТ стратегија 2023-2027, новата Национална стратегија за сајбер безбедност 2023-2027 и на обезбедувањето учество во програмата и организацијата Дигитална Европа.  Се осврна и на проектите и системите во МИОА за дигитални услуги, како што се Системот за Централен регистар на население кој е првиот ИСО 27001 сертифициран систем во министерството, потоа Националниот портал за електронски услуги, Платформата за интероперабилност, како и Системот за електронско управување со документите (EDMS), со кој, на целосно електронски начин се врши процесирањето на документите и спроведувањето на работните процеси, внатре во Министерствата и во државните институции-корисници на системот.

    Во однос на сајбер безбедноста, заменикот министер Бајдевски рече дека Република Северна Македонија континуирано работи на развивање на својата инфраструктура и способности за зголемување на отпорноста во сајбер просторот. Се преземаат чекори за градење партнерства со сите чинители во општеството, академијата, субјекти од приватниот сектор и меѓународни организации.

    Го истакна и учеството во многу меѓународни инцијативи, обуки за сајбер безбедноста, односно информациско комуникациските технологии, градењето капацитети за безбедност на мрежи, комуникациски системи и критична инфраструктура. Како пример, ги посочи и неодамна усвоените сет мерки од страна на Владата за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите, кои ќе се имплементираат во најкус можен рок во секоја институција.

    Exit mobile version