Последни написи

Кои се новите серии и продолженија на Нетфликс во март 2023 година

Со завршувањето на февруари и започнувањето на новиот месец, вообичаено Netflix пласира нови телевизиски серии. Во февруари имаше неколку успешни серии со „You“ Сезона 4, Дел 1 и „Outer Banks“ Сезона 3, но во март можеби ќе може да се надмине тоа.

Еве ги најдобрите телевизиски емисии што Netflix може да ги понуди во март.

„You“ Season 4, Part 2. Премиера на 9 март

YouTube player

Џо Голдберг сè уште е во бегство, што значи повеќе „You“ и повеќе измислени сериски убијци. Како „Ozark“ и „Stranger Things“ во 2022 година, Нетфликс ја раздели четвртата сезона на два дела, објавувајќи во февруари и март 2023 година.

„The Glory“ Part 2. Премиера на 10 март

YouTube player

Промовирана како „Дел 2“, јужнокорејската серија „The Glory“ продолжува со втора сезона. Заплетот во вториот сел во голема мера се потпира на драмата и насилството.  „The Glory“ докажува дека „Squid Game“ не е единствената јужнокорејска драма што вреди да се гледа на Нетфликс.

„Outlast“. Премиера на 10 март

YouTube player

Целосно неповрзан со истоимената серија на хорор видео игри, „Outlast“ е серија за преживување во реалноста, сместена во дивината на Алјаска. Серијата доаѓа од продуцентската компанија на ѕвездата на „Ozark“, Џејсон Бејтман, „Агрегат Филмс“. Outlast може да биде следниот голем хит.

Shadow and Bone Season 2. Премиера на 16 март.

YouTube player

„Shadow and Bone“ конечно се врати со втора сезона на Нетфликс. Првата сезона првично беше премиерно прикажана во 2021 година и веднаш стана хит кај љубителите на фантазијата. Во втората сезона ќе има некои возбудливи промени за серијата, како што е промена од рејтинг од ТВ-14 на ТВ-МА за да се направи простор за зрели теми.

Love Is Blind Season 4. Премиера на 24 март.

YouTube player

„Love Is Blind“ е едно од најголемите реални шоуа на Нетфликс. Како и претходните сезони, и во четвртата сезона на „Love Is Blind“ домаќини се Ник и Ванеса Лачи. 15 мажи и 15 жени овој пат во Сиетл, треба да најдат љубов во шоуто. Натпреварувачите поминуваат 10 дена во врска едни со други во „мешунки“ каде што можат да разговараат еден со друг, но да не се гледаат. Двојките можат да се сретнат лице в лице само откако ќе се прифати предлогот за брак.

Подготви: Ј. Ѓ.

Извор:frontline.mk

Latest Posts

Не пропуштај