More

    Членството на Финска и Шведска во НАТО е нов заложник на унгарскиот илиберализам

    Пишува: Борјан Јовановски

    Унгарскиот парламент денеска  ќе почне да расправа за спорно прашање: дали на Финска и на Шведска да им се даде зелено светло за влез во НАТО.

    Заедно со Турција, Унгарија допрва треба да ги ратификува барањата на Финска и Шведска за приклучување кон трансатлантскиот одбранбен сојуз повеќе од осум месеци откако лидерите на НАТО ја потпишаа својата кандидатура за членство на Скандинавците  на самитот во Мадрид.

    Но, пред почетокот на дебатата во парламентот неприкосновениот шеф Виктор Орбан во петокот рече дека „иако во принцип го поддржуваме пристапот на Шведска и Финска во НАТО, прво треба да имаме сериозни дискусии“ алудирајќи на критиките на Финска и Шведска на сметка на Унгарија а во врска со  прашањата на владеењето на правото, тврдејќи дека некои од неговата партија, како што рече,  го доведуваат во прашање приемот на земјите кои „шират бесрамни лаги за Унгарија, за владеењето на правото во Унгарија” рече Орбан. Според него  Шведската и Финска “бесрамно шират лаги за Унгарија?

    Коментарите на Орбан ги потврдија стравувањата во Брисел дека унгарскиот лидер би можел да се обиде да го искористи своето влијание врз проширувањето на НАТО за да извлече отстапки за прашањата на владеењето на правото кои се покренати во Советот на министрите на ЕУ кој ја условува финасиската помош за Унгарија со барања за реформи кои ќе го спречат растечкиот тренд на ерозија на демократксите вредности во Унгарија.

    Финска и Шведска се меѓу најкритичните гласови околу масата на ЕУ во врска со загриженоста за владеењето на правото во Унгарија, при што Будимпешта сè уште е заглавена во спор со Европската унија околу исплатата на средствата поради ставот  на Брисел за  нејзините демократски стандарди.

    Заменик-претседателката на Европската комисија, Вера Јоурова, претходно овој месец рече дека Унгарија мора „многу брзо“ да ја реши независноста на своето судство доколку сака да добие грантови од 5,8 милијарди евра што доспеваат од фондот на ЕУ .

    Хелсинки и Стокхолм засега ги игнорираат ваквите ставови на Будимпешта.

    Генералниот секретар на НАТО минатата недела ја посети Финска од каде порача дека Алијансата очекува Турција и Унгарија наскоро да ги ратификуваат договорите за членство на Финска и Шведска .

    Извор: novatv.mk

    Exit mobile version