Последни написи

Тренчевска: Болестите се ретки, ама луѓето со ретки болести не се сами

По повод кампањата „Ги запознавам ретките болести – 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози“, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својата Фејсбук страна објави:

„Кога обезбедуваме поддршка на секое дете и лице да го достигне целосниот свој потенцијал, да ги развие до највисока можна мера своите способности, ние инвестираме во иднината. Инвестираме во можноста секој да придонесува во општеството, во нашиот заеднички напредок и во општата благосостојба.

Заедно, јавни институции, граѓански организации, како и самите лица со ретки болести вклучени во овој процес придонесуваме кон подигнување на свеста за важноста на потребите на луѓето со ретка болест.
Болестите се ретки, ама луѓето со ретки болести не се сами.
Кампања „Ги запознавам ретките болести – 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози“, објави министерката Тренчевска.

Latest Posts

Не пропуштај