Последни написи

Тренчевска: „Втора шанса“ за лицата со незавршено средно стручно образование

Денеска, во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, се промовираше пилот мерката „Втора шанса“, која се реализира со финансиска поддршка на Европска Унија.

По повод работната средба, министерката Јованка Тренчевска на својата Фејсбук страна објави: „Втора шанса“ овозможува дооформување на средното стручно образование на ранливите групи за полесна активација на пазарот на труд- велат од МТСП.

Во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ кој го спроведува Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, денеска беше промовирана пилот мерката „Втора шанса“, која се реализира со финансиска поддршка на Европска Унија.
По тој повод се оддржа работна средба на која присуствуваа и раководителот на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Стефан Худолин, директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати, помошник директорката на средното училиште „Лазар Танев“, Елена Ѓоргиева, директори на средни стручни училишта како и претставници од Центарот за образование на возрасни и Центарот за средно стручно образование.
Со оваа мерка се очекува невработените лица кои бараат работа, а се со незавршено средното стручно образование, да го довршат и оформат своето средно стручно образование во период од 12 месеци, и да се стекнат со државна призната диплома за стручно образование и да се стекнат со II и III ниво на стручни квалификации.“- се вели во објавата.

Latest Posts

Не пропуштај