More

    (ФОТО) Русите гранатираат станбени објекти и индустриски зони во регионот на Доњецк

    Руските сили ги нападнаа населбите Мирнохрад и Авдиивка во регионот на Доњецк, оштетувајќи куќи, стадион, продавница и градинка во регионот.

    Регионалниот гувернер на Доњецк, Павло Кириленко ова го изјави во објава на Телеграм, заедно со фотографии од уништувањето, пренесува Укринформ

    „Мирнорад беше погоден со два проектила. Според првичните информации, Русите користеле ракети С-300. Оштетиле четири приватни куќи и стадион. Според прелиминарните податоци, нема жртви. Изолирани погоди имало во Авдиивка во текот на ноќта, а изутрината имаше две масовни гранатирања на станбени и индустриски зони“, напиша Кириленко.

    Тој истакна дека Вуледар, Новокраинка и Бохојавленка биле нападнати во областа Волноваха. Во секторот Доњецк, непријателските сили ја гранатираа територијалната заедница Курахове, при што е повредено едно лице и оштетени четири куќи во Хирник, оштетени се куќа и продавница во Хостре и оштетена куќа во Курахивка. Гранатирање беше регистрирано и синоќа во заедниците Маринка и Очеретин, а во секторот Лисичанск имаше гранатирање на Сиверск и периферијата на заедницата.

    „Во областа Хорливка едно лице е повредено, а три куќи се оштетени во Костијантинивка, друга куќа е оштетена во Предтехине. Во Бахмут во текот на денот се оштетени девет станбени згради и градинки. Шест куќи се оштетени во Васиукивка на територијалната заедница Соледар “, рече Кириленко.

    Подготви: А. Р.

    Извор: frontline.mk

    Exit mobile version