More

    Скопското “Црно собрание” вечерва на концертот БГ ИНВАЗИЈА во култниот Дом на младината во Белград

    Со вечерашниот концерт во Домот на младината во Белград се обновува традицијата на проектот БГ ИНВАЗИЈА што прв пат е одржан во 1992 година, а произлегува од натпреварот на бендовите од белградските гимназии.

    БГ ИНВАЗИЈА досега се одржал десетина пати, а на овогодинешното издание како специјални гости настапуваат ученици од СУГС „Никола Карев“, членови на бендот „Црно собрание“.

    БГ ИНВАЗИЈА се стреми да ги претстави средношколксите бендови кои постојат во белградските гимназии, а со вклучувањето на бендот „Црно собрание“ од Скопје, преминува во регионална смотра на средношколски бендови.

    Организаторите на настанот велат дека за секој млад човек е важно бавењето со музика затоа што така се развиваат спосбности кои се неопходни во понатамошниот животен пат. Се развива креативноста, тимската работа, социјализацијата и превенцијата на врсничкото и сите останати видови насилство, како и работна дисциплина, критичко мислење, самодоверба, толеранција.

    Носител на оваа активност е Здружението на наставници по музичка култура на Србија, во соработка со СУГС „Никола Карев“ – Скопје, а под менторство на професорката по музичка култура Емилија Ристановска. Бендот „Црно собрание“ го сочинуваат: Мона Ристова (вокал), Доротеја Солунчева (вокал), Кирил Лазаревски (гитара), Мартин Атанасов (бас гитара), Павел Петковски (гитара) и Дарија Манева тапани.

    (Извор: Рацин.мк)

    Exit mobile version