More

    Просечната плата од почетокот на 2015-та до сега пораснала за 50 отсто

    Ако просечната плата до 2016-та година стагнирала и се зголемувала миниммално по околу 500 денари годишно, од 2017-та година наваму тројно повеќе на годишно ниво.

    Па така според Државниот завод за статистика просечната плата во декември 2012-та година изнесувала 21 469 денари, за во декември 2014 да биде илјада денари повеќе,односно 22 407 денари.

    Слично зголемување за околу илјада денари е регистрирано и по две години односно во декември 2016-та кога просечната плата била 23 457 денари, но потоа зголемувањето е евидентно па така по само две години регистрирано зголемување на просечната плата за над 2200 денари во декември 2018 – 25.784 денари.

    Две години подоцна просекот е зголемен за речиси три илјади денари и во декември 2020 просекот изнесува 28.294 денари, но она што следува по две години е историски рекорд, односно забележено е зголемување за над 6.000 денари и според најновите податоци во декември 2022 просечната плата изнесува 34.365 денари.

     

    Статистиката покажува дека за две години владата на СДСМ ја зголемила просечната плата за 6.000 денари, а ВМРО ДПМНЕ за два мандати од 8 години за само 2.500 денари

    Интересно е да се забележи дека во последниве две години просечната плата пораснала двојно повеќе отколку за два цели мандати за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ од 2009 до 2017-та година. Според достапните податоци во декември 2009 година просечната плата била околу 20.000 денари, а во март 2017-та 22.445 денари, односно за неполни 8 години ВМРО ДПМНЕ не успеале да ја зголемат просечната плата ниту за 2.500 денари.

    Доколку пак се споредат само последните две години во периодот од декември 2020 и декември 2022, просечната плата скокнала за цели 6.000 денари.

    Ако се земат податоците од јануари 2015-та година до декември 2022, просечната плата од 2015-та до 2022 пораснала за речиси 50 отсто.

    (Извор: Centar.mk)

    Exit mobile version