Последни написи

28 месеци и требаа на Владата да го оствари ветувањето за 34.000 просечна плата, а ќе расте и минималната

Во предизборната кампања на Коалицијата Можеме предводена од СДСМ, партијата и тогашниот нејзин лидер, Зоран Заев пред граѓаните ветуваа раст на платите, односно дека мандатот во 2024 ќе го заокружат со минимална плата од 20.000 денари и просечна плата од 34.000 денари.

Тоа ветување се надоврзуваше на ветувањето од парламентарните избори од 2016 кога СДСМ ветуваше дека до 2020 година просечната плата ќе изнесува 500 евра, односно 30.000 денари.

Сепак тоа не се случи, просечната плата во месец јули 2020, кога се одржуваа предвремените парламентарни избори изнесуваше нешто над 27.000 денари, но во меѓувреме, со почетокот на мандатот на новата Влада на СДСМ и премиерот Заев од први септември 2020 започна забрзан раст прво на минималната, а потоа и на просечната плата.

Вчера државниот завод за статистика објави дека просечната плата исплатена во државата за месец декември 2022 година изнесува 34.364 денари.

Тоа значи дека за помалку од две и пол години, или точно за 28 месеци, од септември 2020 до декември, Владата на СДСМ го има остварено клучното ветување за просечна плата од 34.000 денари.

Економските познавачи велат дека тоа е добар успех, особено ако се земат предвид кризните периоди на пандемијата со коронавирусот, како и економската и енергетска криза во светот како последица од агресијата врз Украина.

Очигледно е дека предвреме ќе биде остварено и ветувањето за минимална плата од 20.000 денари.

Минималната плата во март ќе се зголеми на 20.200 денари, односно за реализација на ова предизборно ветување на Владата ќе и биле потребни три месеци повеќе, односно точно 31 месец.

Извор: 24info.mk

Latest Posts

Не пропуштај