Последни написи

Пет држави од поранешна Југославија до средината на летото треба заеднички да лансираат сателит во вселената

Пет земји од поранешна Југославија до средината на летото заеднички ќе лансираат сателит во вселената, со помош на Индиската вселенска агенција.

Станува збор за заедничко лансирање на сателити во вселената, кое ќе се реализира благодарение на Индиската вселенска огранизација, која во средината на годината ќе лансира 75 сателити во вселената како дел од прославата на 75 години од независноста на Индија.

Како што објави босанскиот „Аваз.ба“, пет невладини организации кои се занимаваат со роботика, технологии, истражување на вселената и иновации од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија во јуни, минатата година ѝ се приклучиле на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа.

Ќе учествуваат децата од регионот
Во заедничката сателитска мисија ќе учествуваат деца од целиот регион, чии училишта биле дел од кампањата покрената кон крајот на ноември минатата година. Од децата било побарано да изработат труд на тема простор и да го испратат до надлежната Организација членка на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа.

-Тие цртежи ќе бидат зачувани во сателитот што ќе го испратиме од Индија, така што нашите малечки ќе бидат дел од вселенската програма. Акцијата заврши во БиХ, Србија и Црна Гора, а се уште трае во Хрватска и Северна Македонија – изјавил Анес Хаџиомеровиќ, претседател на Центарот за образование, роботика, иновации и технологија (ЦЕРИТ) од Мостар за „Аваз.ба“.

Извор: brif.mk

Latest Posts

Не пропуштај