Последни написи

Несериозен однос кон граѓаните- пратеничката Поцкова со амандмани бара владините антикризни мерки да се применат од 2050 година

Љубиша АРСИЌ

Станува јасно дека пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат разработена шема како да ја блокираат работата на Собранието преку блокирање на законите кои треба да донесат придобивки за граѓаните, а истовремено за таквите блокади да наплаќаат вртоглави суми за патни трошоци, пари на граѓаните.

Рацин.мк вчера објави дека пратеникот Мирче Аџиоски е рекордер по наплата на патни трошоци, а во Собранието само се потпишувал на амандмани за блокирање. Веднаш после него, на листата на пратеници кои најмногу наплатиле патни трошоци е и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Јадранка Поцкова. Таа за нејзините активности во Собранието, покрај платата, исто така наплатила над 12 илјади евра за патни трошоци.

Речиси никаква пратеничка активност, освен потпишување амандмани за блокада

Поцкова во просек наплаќала по 3468 денари дневно по основ на патни трошоци од Собранието на Република Северна Македонија, односно од Буџетот на граѓаните. Сепак нејзината работа во Собранието, откако е избрана за пратеничка во 2020 година е сведена на едно поставено прашање, 35 поднесени материјали и потпис на 1099 амандмани.

Амандманите на кои се потпишала Поцкова, слично како и тие на Аџиоски, се со намена да ја блокираат работата на Собранието и да не може да се изгласаат закони кои го подобруваат животот на граѓаните и со кои се олеснуваат последиците од кризите. Со ваквата активна блокада, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, особено со поднесување безброј амандмани  оставаат впечаток дека нивните партиски интереси се пред интересите на државата и граѓаните.

Најголем дел од амандманите на кои се потпишала пратеничката Поцкова се со цел да се блокира носењето на законите и собраниските расправи да продлжат во недоглед. На овој начин, освен што законите и реформите доцнат за граѓаните, пратениците имаат дополнителни работни часови и работни денови, што очигледно опозициските пратеници ги користат за наплата на повеќе патни трошоци.

Амандманите се исмејување на владините мерки

На овој начин граѓаните се двојно оштетени, од една страна доцнат реформите и бенефиции за нивен пдобар живот, од друага пак, државни пари се слеваат кај пратениците кои наместо да го работат она за кое се избрани тие преку блокада остваруваат дневници и патни трошоци.

Поцкова се потпишувала на амандмани со кои бара законите и мерките кои ги предлага владата да се применуваат наместо веднаш, од 2050 или 2051 година што е крајно несериозно за пратеник кој мора да ги штити интересите на народот, особено на оние кои ја гласале.

Ваквите примери покажуваат дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не поднесува амандмани со намера за подобрување на текстовите на законите и за подобрување на животите на граѓаните, каков што е нивниот изговор, туку единствено со цел да се одлоговлекуваат седниците, да не се носат законите и да се блокира работата на институциите, а за сето тоа на крај да се обвини парламентарното мнозинство.

Ставањето на личните и партиските интереси пред државните и интересите на граѓаните стана препознатлива особина за опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Да потсетиме дека тие не гласаа ниту за документите од држвен инетрес -Договорот со ФРОНТЕКС и ратификација на договорите од Отворен Балкан со кои се симнуваат работните дозволи за граѓаните од Северна Македонија, Албанија и Србија.

Сепак, тие се присутни и со маратонски говори и реплики ја одолговлекуваат седницата за разрешување и именување на нови министри по најавата за зголемување на владејачкото мнозинство и уште еден неуспешен обид и лажна најава за ново мнозинство на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

(Извор: Рацин.мк)

Latest Posts

Не пропуштај