Последни написи

Лариса Дир: Државата терорист Русиja гранатира станбени квартови во Херсон, досега 6 починати и 12 ранети цивили

„Пред малку во Херсон државата терорист Русиja и земја членка на ОБСЕ нанесе удар врз станбени квартови, објекти на критичната инфраструктура, градинка, болница, приватни гаражи, автомобили и станица на јавен превоз. Во моментов е познато за 6 починати и 12 ранети лица, пишува на Твитер украинската амбасадорка во Скопје“, Лариса Дир.

(Вознемирувачки фотографии)

Русија денес изврши гранатирање на постојка за јавен превоз и станбени згради во Херсон, при што загинаа шест лица, а беа повредени најмалку дванаесет, пренесе Укринформ.

„Во Херсон, непријателот погоди станбени населби, објекти од критична инфраструктура, градинка, болница, приватни гаражи и автомобили“, се вели во извештајот.

Се додава дека неколку згради се сериозно оштетени, додека во станбени блокови, неколку станови се запалиле поради директен удар.

Под напад беа и локалниот пазар и постојката за јавен превоз.

Ј. Ѓ.

Извор: frontline.mk

Latest Posts

Не пропуштај