More

    Скопски Квир Центар: Мораме како општество сериозно да ја отвориме тема за насилството врз жените

    Деновиве, по повод изјавата на Драган Павловиќ Латас во интервју со јутјуберот Стефан Лазаров, актуелни се ставови на повеќе организации.
    „По интервјуто што предизвика реакции и поделби во јавноста, чувствуваме должност да реагираме како организација која се бори за човековите права на секоја личност, како и против насилното однесување.” – соопштуваат од Скопски Центар Квир.
    „Во нашиот тим работат психотерапевти со искуство со различни целни групи, меѓу кои и жени жртви на сексуално насилство. Важно е да појасниме дека дури и никаде во интервјуто да не е споменато силувањето, она што е споменато е дека сторителот вршел континуирано физичко насилство со удирање шамари на секоја девојка со која подоцна имал однос. Физичкото насилство често претходи на чинот на силување и со тоа сторителот ја покажува својата надмоќ врз жртвата која подоцна, од страв или поради состојба на шок, може воопшто да не даде никаков отпор при сексуалниот однос. Недавањето отпор не значи дека личноста се согласува на секс. Стравот и состојбата на шок можат да влијаат со замрзнување на личноста која подоцна ќе биде силувана, но нема да реагира со отпор. Оваа ситуација жртвите на сексуално насилство често ги тера да чувствуваат вина кај себе, бидејќи не можат да си објаснат зошто не пружиле отпор, а при пријавување ќе се соочат со прашања како „зошто не проба да избегаш“ или „дали викаше „Не“ за време на силувањето“. Мораме како општество сериозно да ја отвориме оваа тема, бидејќи се покажува непознавање дури и кај возрасните луѓе.“ – стои во нивната реакција.
    „Крајно време е надлежните органи сериозно да се позанимаваат со насилството врз жените, особено што жените жртви на насилство имаат ниска доверба во институциите на системот поради страв, срам, како и поради можен потсмев, или процеси во кои ќе бидат изложени на повеќекратно раскажување на насилната сцена која ќе ја преживуваат одново.“- овјавија на Фејсбук од Скопски Квир Центар.
    Exit mobile version