More

    Петровска: Во Турција ги испративме најдобрите, најобучените, најподготвените за справување со комплицираната и тешка задача

    Денеска беше пречекан Армискиот тим за заштита и спасување, кој учествуваше во хуманитарната спасувачка операција во регионот Кахраманмараш, во Турција.
    Пречекот беше во касарната „Илинден“, а на истиот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, г. Хасан Мехмет Секизќок и началникот на Генералштабот генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски.

    По тој повод, министерката Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил, порача:

    „Добродојдовте дома! Во Турција ги испративме најдобрите, најобучените, најподготвените за справување со една ваква комплицирана и навистина тешка задача“
    Ви благодариме што го спасивте младиот Сулејман и што му дадовте шанса да порасне во успешен млад човек. Ви благодариме за вашата пожртвуваност и што покажавте дека секогаш сте подготвени да му служите на нашиот народ, но и да им помогнете и на пријателите кога ќе се најдат во неволја.“ – се заблагодари Петровска
    Затоа, одлучивме да ве наградиме со исплата од една просечна плата. Она што го имате во вашите срца, она што го вложувате во секој ден и во секоја ваша наредна мисија е причина за гордост!“ – стои во објавата на министерката.
    „Нашите мисли и нашите молитви се со турскиот народ и како и досега ќе продолжиме и понатаму да им помагаме“ – порача министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

     

    Exit mobile version