Последни написи

Загадувањето во Скопје повторно на високо ниво

И покрај ведрото време загадувањето во Скопје останува на високо ниво. Според податоците од апликацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање, концентрацијата на ПМ10 честички во Скопје е над 100 мг/м3.

Највисоки вредности има во утринските часови кога температурите се ниски и започнува загревањето во домовите, додека во текот на денот мерните инструменти во Скопје покажуваат благ пад до 79 мг/м3, што е повеќе од дозволениот минимум од 50 мг/м3. Според експертите и студиите на кои тие се повикуваат, загадувањето најмногу се должи на начинот на кој се греат домаќинствата, потоа сообраќајот и на крајот индустријата.

Иако на почетокот на годината градот Скопје ја посочи УСЈЕ како главен причинител за загадувањето за што поднесе и кривична пријава, загадувањето е високо и во период кога производството е комплетно запрено. Имено, поради редовен годишен ремонт, повеќе од еден месец не работи едната печка, а втората е исклучена од пред два дена заради времени поправки.

Извор: centar.mk

Latest Posts

Не пропуштај