More

    Маричиќ: Ние сме отворени во историската комисија да седи човек по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

    „Францускиот предлог не е идеален, но ни дава шанси во многу точки да бидеме на паритетна и реципрочна основа со Бугарија. Особено историската комисија ни е голема предност. Таму седат стручни лица на кои ме може политичарите да им диктираат“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Вин-вин“ на Телма.

    Тој додаде дека член на историската комисија беше и Ѓорѓиев, кој сега оди на партиски трибини на ВМРО-ДПМНЕ и самиот замина од комисиајта, откако ги потврди четирите усогласени текстови, меѓу кои се и тие за Цар Самоил и Кирил и Методиј.

    „Ние сме отворени во комисијата да седи човек по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Историските прашања треба да се решат од нашите историчари, сите заедно да го потврдат тоа, а државата да стои позади нив. Да имаат аргументи во разговор со бугарските историчари и да дојдат до заедничка основа по некои прашања, за да ги залечат односите меѓу двете земји кои се видно нарушени“ рече Маричиќ.

    Вицепремиерот исткана дека ниту еден протокол или договор не може да ги наруши или поправи односите, туку добрата волја и почитувањето е основа на се и дека односите треба да се градат врз база на пријателство и почитување.

     

    Exit mobile version