Последни написи

Битката за Бахмут продолжува додека руската агресија врши деноноќни напади во источна Украина

Руската агресија врши жестоки деноноќни напади во источна Украина, а клучна е битката за Бахмут и околината, каде украинската војска се бори за зачувување на областа.

 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го нарече Бахмут „наша тврдина“, а како што пренесува Еуроњуз, цивилите од соседниот град Часив Јар во моментов се евакуираат, бидејќи ситуацијата во градот станува сѐ поопасна.

Од 2014 година, добротворната организација „Спасете ја Украина“ ги евакуира ранливите од конфликтните области во Украина. Од почетокот на февруари 2023 година, организацијата вели дека евакуирала над 83.000 луѓе на безбедно.

Евакуираните прво се носат во Покроск, а потоа во центар за итна помош управуван од организацијата. Таму добиваат помош при наоѓање долгорочно сместување каде би можеле да живеат безбедно.

Претседателот Зеленски ситуацијата во Бахмут ја опиша како „најжешка“ во моментов и уверува дека војниците стојат цврсто и соодветно одговараат на руската агресија. Ова доаѓа откако се појавија низа шпекулации дека силите на Кијив би можеле да се подготвуваат за повлекување по исцрпувачката повеќемесечна битка.

Сојузниците на НАТО разговараат за оружје

Во меѓувреме, во средата, за време на посетата на Кијив, шведскиот премиер Улф Кристерсон, вети поддршка за Украина, но предупреди дека идната воена помош ќе треба да биде избалансирана со сопствените одбранбени потреби на Шведска.

Ова се случува кога западните поддржувачи на Украина се состануваа втор ден во Брисел за да разговараат за зголемување на брзината на испораката на муниција и оружје за нападнатата нација.

Претседателот Зеленски ја обнови својата молба за борбени авиони откако ги обезбеди обврските за тенкови, воздушна одбрана и прецизни проектили. Сепак, сојузниците на НАТО се фокусираат на тоа да обезбедат за украинските сили да имаат муниција, оклопни возила и противвоздушна одбрана што им се потребни на теренот за да ги потиснат обновените руски офанзиви.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус на состанокот рече дека „прашањето за воздушна одбрана и прашањето за снабдување со муниција се многу поважни во моментов од дискусијата за борбени авиони“.

Борбата против руската инвазија троши значителни количества муниција, што ги оптоварува резервите и индустриите за вооружување.

Подготви: А. Р. 

Извор:frontline.mk

 

Latest Posts

Не пропуштај