More

    Владата именуваше нов директор на ЈП „Службен весник“

    Владата на денешната седница ја именуваше Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП „Службен весник“ на Република Северна Македонија.

    Како што пренесуваат од Владата, на денешната, 129-та владина седница, по точката за кадровски прашања Владата донела одлука да го разреши Владимир Кроневски од должноста директор на ЈП „Службен весник“ на Република Северна Македонија и да ја именува Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП „Службен весник“ на Република Северна Македонија.

    (Извор: Независен.мк)

    Exit mobile version