Последни написи

Граѓаните да аплицираат до крајот на месецов: Зголемен опфат на домаќинства со ниски приходи за субвенции за струја

Повикот на Министерството за економија за субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи ќе трае до крајот на февруари.
Со оваа мерка ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат.

Министерството за економија соопшти дека за оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а со јавниот повик оваа година е зголемен прагот на вкупни приходи кои ги остваруваат домаќинствата и воведени се и нови категории на домаќинства кои што ќе можат да ја искористат оваа мерка.

Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа:
– 19.000 денари за самец;
– 25.000 денари за домаќинство со два члена;
– 30.000 денари за домаќинство со три члена;
– 36.000 денари за домаќинство со четири члена;
– 43.000 денари за домаќинство со пет члена и повеќе.

Оваа мерка годинава е проширена со други социјално ранливи категории на лица како што се корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување

Исто така новина е што доколку овие домаќинства направат заштеда на електрична енергија од 10% споредено со истиот период минатата годона, тогаш ќе имаат дополнително 200 до 300 денари намалување на сметката за електрична енергија во зависност од категоријата.

(Извор: Мета.мк)

Latest Posts

Не пропуштај