More

    Северна Македонија отстранета од листата на даночни раеви на ЕУ

    Европската унија ја додаде Русија на својата листа на јурисдикции кои не соработуваат за даночни цели – или на т.н. даночни раеви.

    „ЕУ продолжува да промовира фер даночна конкуренција и да се бори против штетните даночни практики. Советот на ЕУ денеска одлучи да ги додаде Британските Девствени Острови, Костарика, Маршалските Острови и Русија на списокот на ЕУ на некооперативни јурисдикции за даночни цели. Со овие додатоци , листата на ЕУ сега вклучува 16 јурисдикции“, соопшти блокот.

    Останатите земји се Американска Самоа, Ангвила, Бахамите, Фиџи, Гуам, Палау, Панама, Самоа, Тринидад и Тобаго, островите Туркс и Каикос, Американските Девствени Острови и Вануату.

    Советот на ЕУ „жали“ што овие јурисдикции не соработуваат за даночни прашања и ги повикува да ја подобрат својата правна рамка за да ги решат идентификуваните проблеми, се вели во соопштението на веб-страницата на Советот.

    „Ги повикуваме сите земји вклучени во списокот да ја подобрат својата правна рамка и да работат на усогласување со меѓународните стандарди во областа на оданочувањето. Во исто време, од срце им честитаме на Северна Македонија, Барбадос, Јамајка и Уругвај бидејќи успешно ги исполнија своите обврски и може да се извади од статус кво документот“, рече Елизабет Свантесон, шведска министерка за финансии, која претседава со Советот на ЕУ.

    Русија беше вклучена во списокот откако групата за Кодексот на однесување го провери новото руско законодавство усвоено во 2022 година според критериумите за добро даночно управување. На крајот, утврди дека Руската Федерација не ја исполнила својата обврска да се справи со штетните аспекти на специјалниот режим за меѓународните стопанства (критериум 2.1). Покрај тоа, дијалогот со Русија за прашања поврзани со даноците беше прекинат по руската агресија врз Украина.

    Листата на ЕУ на некооперативни јурисдикции за даночни цели беше изготвен во декември 2017 година. Таа е дел од надворешната стратегија на ЕУ за оданочување и има за цел да придонесе во тековните напори за промовирање на доброто даночно управување во светот. Надлежностите се оценуваат врз основа на сет критериуми поставени од Советот на ЕУ. Овие критериуми опфаќаат даночна транспарентност, правично оданочување и примена на меѓународни стандарди дизајнирани да спречат ерозија на даночната база и префрлување на профитот.

    Работењето на списокот е динамичен процес. Од 2020 година, Советот на ЕУ ја ажурира листата двапати годишно. Следниот преглед е закажан за октомври 2023 година.

    Извор: frontline.mk

    Exit mobile version