More

    Од земјотресот во Романија се стресоа и граѓаните на земјава

    Граѓаните од Скопје и околината денеска почувствуваа земјотес, чиј епицентар бил во Романија, а во земјава го регистрирала и Сеизмолошката опсерваторија.

    -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 365 километри североисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје во Романија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет Скопје.

    Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 14 часот и 16 минути со Рихтерова локална магнитуда ML 5.8 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

    (Извор: Frontline.mk)

    Exit mobile version